(Фото) Николас Кејџ тајно се ожени со 30. години помлада девојка, бившата жена беше сведок на венчавката

By

Холивудската ѕвезда, Николас Кејџ, тајно се ожени по петти пат за 30. години помладата, Рико Шибата, од Јапонија.

На малата интимна церемонија, на 16 февруари, во хотелот „Вин“ во Лас Вегас, Рико и Кејџ ги размениле традиционалните католички и шинтовски завети, со поезија од Волт Витман и Хаику, а датумот го избрале во чест на роденденот, на покојниот татко на Кејџ.

26. годишната Шибата била облечена во рачно изработено јапонско свадбено Кимоно од Кјото, додека Кејџ, во смокинг од Том Форд.

По венчавката, двојката присуствувала на мала прослава со поранешната сопруга на Кејџ, Алис Ким, со која тој остана во добри пријателски однос и нивниот син Кал-Ел.

„Вистина е, и ние сме многу среќни“, изјавил 57-годишниот Кејџ, за венчавката.

Николас и Рико се запознаа во Шига, Јапонија, пред повеќе од една година, а за прв пат беа фотографирани заедно во февруари 2020 година, додека беа во посета на гробот во форма на пирамида на Кејџ, кој актерот го купи за себе, на гробиштата во Њу Орлеанс.

Оскаровецот ја објави својата свршувачка, во август лани, и откри дека Рико ја запросил преку „FaceTime“, а свршеничкиот прстен со црн дијамант, и го испратил преку „FedEx“, затоа што таа тој период била во Јапонија.

Ова е петти брак на Кејџ, по бракот од 4 дена со Ерика Куки, за кој Николас побара поништување. Претходно беше оженет со Патриша Аркет од 1995 до 2001 година, со Лиза Мари Присли од 2002 до 2004 година и со Алис Ким од 2004 до 2016 година.

Покрај синиот Кал-Ел, од Алис Ким, Кејџ има уште еден син, 30. годишниот Вестон, од неговата врска со актерката Кристина Фултон.

Ќе ви се допадне

KissAnime kissanime black clover: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 2 (https://kissanimeonline.com/m/75O4/ep-2)

ANIMEFLIX animeflix anime: Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 5