Ријалити ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер ги разлути фановите откако клуб во Лос Анџелес се отвори само за неа и неколку нејзини пријатели. Сликите од Кајли која си оди од клубот ги објавија и американските медиуми, а се споделуваат и на социјалните мрежи. „Зошто мислиш дека си поважна од нас? Колку плати за да ти го отворат клубот? Ова место треба да се затвори засекогаш“, се дел од коментарите.
Ова е вторпат за кратко време Кајли да се најде во скандал, откако пред две недели магазинот „Форбс“ ја исфрли од својата листа на милијардери, велејќи дека лажела за висината на своето богатство.