Том Круз изненади со новиот изглед за време на номинациите за Оскар кои се одржаа во Лос Анџелес. Во хотелот Хилтон во Беверли Хилс на црвениот тепих беше целиот отечен. Лицето му беше подуено од ботокс и филери пишуваат медиумите. Дојде во син костум, со подолга коса и исончан тен.
На свеченоста неговиот најнов филм „Топ Ган: Маверик“, освои номинации во неколку категории, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм.
За потсетување, за неговиот изглед минатата година пишуваше и „Дејли Мејл“, а врвниот естетски хирург, Најла Раја, која има третирано голем број светски ѕвезди, рече дека без добар и внимателен третман лицето на пациентите може да се искриви и да добие неприроден изглед.
Со неа се согласува и нејзиниот колега Рос Пери кој рече дека изгледот на Том е резултат на комбинација од вишок килограми и често одење на третман. Глумецот последен пат се појави на црвениот тепих во 2022 година во Јужна Кореја, а се очекува да дојде и на крунисувањето на кралот Чарлс годинава.