(Фото) Оскаровката Гвинет Палтроу за 50. роденден позираше гола, целата намачкана со златна боја

Актерката Гвинет Палтроу за 50. роденден позираше гола, намачкана со златна пудра за тело. Инспирацијата да се слика топлес ја добила од филмот „Голдфингер“.

„Сè што знам е дека ме бојадисуваат во златна боја и морам да бидам гола. Се чувствувам добро на 50 години, а со ова сакам да го изразам тоа чувство на енергија и оптимизам кои ги имам во себе“, рече Палтроу за снимањето за својот бренд Goop.

Ја сликаше фотографот Ендру Ји, додека познатата шминкерка Лоти имаше задача да ја претвори во златна божица.

„Мислам дека стареењето е убава работа. Само треба да ги отвориме нашите перцепции. Како станувате она што сте, во интегритетот, вашиот живот се отвора“, додаде таа.

Во пресрет на роденденот, Гвинет на социјалните мрежи ги сподели и своите размислувања за новиот период во животот.

„Моето тело е мапа на докази за сите денови. Збирка знаци и неправилности кои се претставени во поглавја. Лузните од изгореници од рерната, одамна скршениот прст од прозорецот, раѓањето на дете. Сребрената коса и фините брчки. Сонцето секаде остави небесни отпечатоци“, рече Гвинет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

Таа додаде дека ги прифатила сите траги, опуштената кожа и брчките.

„Го прифаќам моето тело и ја отфрлам потребата да бидат совршена, да изгледам перфектно, да ѝ пркосам на гравитацијата, логиката, на човечноста. Ја прифаќам мојата човечност“, рече Гвинет.

Scroll to Top