(Фото) По раскинувањето со Шакира, Пике виден со мистериозна девојка

Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике, откако раскина со Шакира бил виден со мистеризона русокоса девојка во ресторан во Стокхлом. Засега идентотот на девојката не е познат, но Daily Mail пренесе дека заедно биле неколку денови.

Според некои извори, фотографиите од двајцата скришум ги направила сопственичката на ресторанот, за да му врати на Пике затоа што не сакал да се слика со син ѝ. Таа одлучила потоа фотографиите да ги објави на социјалните мрежи.

Станува збор за шведската блогерка и сопственик на ресторанот Кетрин Зутомиерска, чии фотографии брзо се рашириле на интернет. Таа ги објавила на нејзиниот профил, а на нив може да се види Пике и девојката која носела розева капа на главата.

„Слушај ме, губитнику еден. Повеќето од жените на оваа забава веројатно те сакаат. Но, јас те гледам и веднаш помислувам на син ми. Јас бев јасна кон тебе. Те замолив да се поздравиш со него, а ти одби. Затоа што кој си ти? Тип кој знае да дрибла со топка. Тоа мене не ме импресионира. Она што ме растажува е што славата ти влезе во главата и тоа е патетично. Ти си само тип со топка. Знаете што, кармата е кучка и ќе те гризне за задникот еден ден“, напишала Кетрин под фотографиите.

Откако шпанските медиуми ја објавија приказната, Кетрин јавно прозборе за средбата со Пике.

„Го прашав дали може да се поздрави со мојот син, а тој одби. Малку се изненадив и го прашав повторно, но тој повторно одби. Не беше пристоен и беше по малку арогантен. Претпоставувам дека тоа е затоа што е познат фудбалер, но јас го немав сретнато претходно. Подоцна ги направив фотографиите за да ги објавам на „Инстаграм“, рече Кетрин.

За потсетување, пејачката Шакира и фудбалерот Пике неодамна раскинаа по доги години врска, а заедно имаат и два сина. Причината наводно била неверство, а почнаа да се шират шпекулации и дека Пике има нова девојка.

Како што тврдат некои извори, Пике е во врска со келнерка која ја запознал во кафич, а која е пријателка на неговиот колега Ригуи Пуиг. Таа наводно живее во Каталонија, регион во кој се наоѓа и Пике.

 

Scroll to Top