Актерот Бенхамин Рохас, познат како Пабло од серијата „Млади бунтовници“, стана татко. Неговата девојка, Мартина Санчез Акоста се породила кон крајот на минатата година со царски рез, а бебето тежело 2 килограма. Веста за раќањето на ќерката Рохас ја сподели на „Инстаграм“, дури откако мајката и детето биле пуштени од болница.
„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божик и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите,“ напишал глумецот покрај сликата.
„Млади бунтовници“ беше една од најпопуларните тинејџерски серии пред 15-тина години, а ликовите на Миа, Мануел, Пабло и Марица и понатаму се меѓу омилените.