(Фото) Памела Андерсон објави фотографија со новиот сопруг

By

Актерката Памела Андерсон на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со филмскиот продуцент Џон Петерсон. Една од најпознатите плејбој-зајачици ја изненади јавноста откако минатата недела кажа „Да“ и се  омажи за Џон. Тие, всушност, се познаваат цел живот, но дури сега се одлучиле да се земат . Памела и Џон се венчаа тајно во Малибу по многу кратка романса, а на интимната церемонија присуствуваа и нивните деца. Веста ја потврди Џон, кој изјави дека тој и Памела се заедно неколку месеци.

„Насекаде има прекрасни девојки. Можев да бирам, но 35 години ја сакав само Памела. Таа ме прави див, на добар начин. Ме инспирира, ја заштитувам и ја третирам на добар начин“ – изјавил Џон.

Памела до минатото лето беше во врска со фудбалерот Адил Рами, за кој се зборуваше дека ќе ѝ биде сопруг. Меѓутоа, се утврди дека Адил ја изневерувал со поранешната сопруга па таа врска заврши неславно.

Ќе ви се допадне