Наследничката на империјата Хилтон, Парис Хилтон (39) носеше маска украсена со дијаманти за да се заштити од короната. Откако сликите беа објавени во „Дејли мејл“ , јавноста ја исмеа, велејќи дека ова е само моден додаток, но не и заштита против коронавирусот.
Парис е сликана на вечера со своето момче Картер Реум и неколку пријатели. А бидејќи носењето маска е задолжително секаде во светот, таа избра скапоцена маска. Белата маска со дијаманти ја комбинираше со бел фустан од тантела и салонки.