(Фото) Пике во иднина ќе носи дрес со името на Шакира на него

Шпанскиот фудбалер Џерард Пике, наскоор би можел да го облече и да игра во дресот на Барселона, но со името на неговата бивша партнерка Шакира, напишано на него. Нејзиното име би можело да се најде на дресот на клубот, кој е спонзориран од Spotify, компанија со која Шакира е блиску до договор пишува Hola.

Колумбиската пејачка неодамна објави видео во кое маж гази на човечко срце. Со тоа ја најави новата песна Monotonia, а многумина сметаат дека истата му ја посвети на Пике. Шакира и Пике се разделија по 12 години брак, а имаат и две деца. Се разделија по неверството на фудбалерот.

Шакира го фати во кревет со хостеса, а потоа објави и официјално соопштение за разводот. Брзо потоа Пике е виден во друштво на Клара Чиа, една од вработените во неговата компанија. Иако засега не ја потврдија врската, двајцата досега биле видени заедно во неколку наврати.

„Понекогаш се надевам дека ова е само грозен сон и дека кога тогаш ќе се разбудам. Но, не, ова е реалност. Сето ова се случи во време кога мојот татко е на интезивна нега, а јас морав да се борам на различни фронтови. Ова е веројатно најмрачниот период во мојот живот“, рече Шакира за Elle.

За потсетување, минатата недела фудбалерите на Барселона носеа дресови со името на пејачот Дрејк кога играа против најголемиот противник во Шпанија, Реал Мадрид.

 

Scroll to Top