(Фото) Пирс Броснан пушти брада и коса додека е во самоизолација

Глумецот Пирс Броснан се придржува до сите мерки на социјално дистанцирање и заедно со неговата сопруга Кили Шај замина на егзотичните острови Хаваи.

Тој ги шокираше сите со својот изглед. Популарниот Џејмс Бонд е активен на социјалните мрежи, а со своите обожаватели сподели фотографија од својот необичен изглед. Тој има пуштено брада и долга коса.

„Изолација, а веќе е шеста недела“, напиша Броснан под фотографијата.

Некои од неговите фанови се пошегуваа во коментарите, прашувајќи го дали е тука некаде и побараа од него да се јави. Некои од нив не веруваа дека Броснан ја пуштил брадата шест недели.

„Ма дај не се зезај. Па ова не е шест недели. Повеќе изгледа како неколку месеци“, му напишале пријателите на „Инстаграм“.

Некои во шега му порачаа да внимава додека доручкува за да не му остануваат остатоци од храна на брадата.

 

Scroll to Top