(Фото) Пит Дејвидсон ја покажа новата тетоважа која ѝ ја посвети на Ким Кардашијан

Американскиот комичар Пит Дејвидсон ја покажа новата тетоважа која ѝ ја посвети на неговата девојка Ким Кардашијан.

„Мојата девојка е адвокатка“, напишал Пит на вратот, алудирајќи на тоа дека Ким во иднина сака да стане адвокатка. Ким рече дека Пит ѝ има посветено уште неколку тетоважи, но дека таа на неговиот врат ѝ била најдрага.

Двојката во моментов се на романтичен одмор, а од таму објавија и неколку фотографии. Двајцата официјално од ноември минатата година се заедно, иако за нивната врска се зборуваше уште од порано. Ким од бракот со Кание Вест има четири деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kimkardashian

Scroll to Top