(Фото) По 33 години, се собраа актерите од филмот „Враќање во иднината“

Актерската екипа од научнофантастичниот филм „Враќање во иднината“, кој се снимаше пред 33 години, во неделата повтрно се собра заедно. И по три децении, тие повторно делеа автограми и се сликаа со своите фанови.

Покрај забавата, екипата од филмот имаше јавна расправа за снимање на уште едно продолжение на култниот филм.

На настанот се појави главниот јунак Мајкл Џеј Фокс (57). Покрај него, присуствуваа и Кристофер Лојд (79) и Томас Вилсон (59).

„Не ми се верува дека повторно се собравме“, коментирал Вилсон.

Лојд, кој го играл Доктор Браун, изјавил дека ова за него претставува посебен момент.

„Враќање во 2018 година. Дури и Биф успеа да дојде“, се пошегувал Џеј Фокс.

„Мислам дека сите во Америка тивко коментираат дека го уништивме филмот со секое наредно продолжение. Па си рековме зошто да не го уништиме и ова?“, со шеговит коментар Вилсон дал изјава за американскиот портал MassLive.com.

Томпсон, која во серијалот ја глумеше мајката на Марти, Лорен, минатата година изјави дека сака да ја репризира својата улога.

„Слушнав дека сценаристот и режисерот во филмот ги поседуваат правата. Додека тие не се подготват, сметам дека нема да се работи на новото продолжение. Можеби кога ќе умрат, ‘Јуниверзал’ ќе одлучи да сними продолжение“, изјавила актерката за американскиот медиум „Пипл“.

 

Scroll to Top