Меган Маркл (37) неодамна беше во посета на Фиџи, а во толпата народ за безбедноста на бремената војвотка се грижеше една русокоса жена, чиј идентитет палатата сè уште не сака да го открие.
Инаку, оваа жена стои на чело на обезбедувањето на Меган Маркл, откако претходниот шеф на обезбедување на принцот Хари, Бил Реншоу се пензионираше по 30 години служба.
И Кејт Мидлтон има жена телохранител. За војвотката од Кембриџ се грижи Ема Проберт уште од 2010 година, кога Кејт се сврши со принцот Вилијам.
Инаку, телохранител на принцезата Дијана ѝ беше Бери Манаки, назначен во 1985 година. По една година од службата бил преместен поради преблизок контакт со принцезата, а во 1987 година починал во сомнителна сообраќајна незгода со мотор на 39 години. Имаше многу гласини за нивната љубовна афера.
Во документарниот филм Дијана отворено зборуваше дека „длабоко е вљубена“ во еден маж, за кој сите веруваат дека е Бери.
„Кога имав 24, 25 години бев многу вљубена во некој кој работеше во околината“, изјави таа. Потоа говореше дека наводно кралското семејство одлучило дека нејзината најголема љубов морала да оди и три седмици откако бил отпуштен од работа бил „убиен“.