(Фото) Поранешниот дечко се потсмева со силиконските гради на Памела Андресон

Поранешниот дечко на Памела Андерсон, фудбалерот Адил Рами, јавно се потсмеваше со нејзините силиконски гради. Откако потпиша договор со рускиот клуб „ПФЦ Сочи“, Рами се сретна со некогашниот фудбалер, а сега блогер Евгениј Савин, и позираше со две пластични гради на кои беше напишало „Кра-сава“, односно убава.

„Светскиот шампион Адил Рами го донесе најдоброто од Памела Андерсон со себе во Русија“, напиша Савин на „Инстаграм“.

34-годишниот Рами и Памела беа во врска од 2017 до 2019 година. Заради Адил, Памела се пресели во Франција. Кога раскинаа, Андерсон го обвини дека спиел со други жени додека биле заедно.

„Последните две години од мојот живот беа голема лага. Тој нè лажеше сите. Ги контролираше срцата и умот на две жени“, рече тогаш Андерсон.

 

Scroll to Top