(Фото) Повторно се собра екипата од „Ало Ало“

Глумците од култната британска комедија „Ало, Ало“ повторно се собраа, а заедничката фотографија ја споделија на „Инстаграм“. Вики Мишел позната по улогата на Мишел ја сподели фотографијата во која позираше заедно со Ким Хартман (Хелга), Ричард Гибсон (хер Ото Флик) и Гај Синер (капетан Грубер).

Оваа легендарна телевизиска серија се емитуваше во периодот од 1982 година до 1992 година. Многумина ги пофалија дека се немаат многу променето. Дамите добија комплименти дека останале вистински убавици, а најмногу внимание привлече Ричард Гибсон, кој од неговата улога на хер Флик, изгледа како да минале неколку години, а не три децении.

Scroll to Top