Познатата актерка Џулијан Мур (64) ги помина изминатите неколку дена во Италија со своето семејство, споделувајќи фотографии од таму секој ден.
Оваа добитничка на Оскар се смета за една од најубавите природни жени во Холивуд, а со својата најнова фотографија без ни трошка шминка, буквално ги сруши социјалните мрежи.
Грациозното стареење е нешто за кое зборувала и претходно. Џулијан позираше во црно бикини, но фокусот беше на нејзиното лице, а таа не се срамеше да покаже како изгледа кога е далеку од рефлекторите и шминкерите.
„Постојат толку многу мислења за терминот грациозно стареење. Дали постои непристоен начин на стареење? Стареењето не е опција, никој не избира да старее, па затоа не е ниту позитивно ниту негативно, едноставно е“, изјави таа за списанието „As If“.
„Шминката треба да биде нешто што сакате да го носите, а не нешто што мора да го носите. Мислам дека идејата дека користиме шминка за да ги прикриеме недостатоците или да изгледаме професионално е застарена. Можете да бидете професионални и без шминка. Шминката треба да биде желба, а не неопходност“, нагласува таа.
Џулијан постојано повторува дека ги обожава своите пеги и природната боја на кожата и дека не сака да ги прикрива со шминка.
фото: принтскрин