(Фото) Принцезата од Монако ја објави првата фотографија со семејството откако излезе од психијатрија

Принцезата од Монако, Шарлот Казираги, ја објави првата фотографија со семејството откако излезе од клиника за психијатрија. Таа на „Инстаграм“ им го честиташе на сите Велигден и сподели заедничка фотографија со сопругот, принцот Алберт и нивните деца.

Шарлот, која ја доби титулата најтажната жена на светот, досега беше на лекување во клиниката надвор од кралството. Многу од нејзините фанови ѝ честитаа Велигден и ѝ посакаа брзо закрепнување.

„Среќен Велигден. Се надевам дека брзо закрепнуваш за да можеш повторно да уживаш во животот со семејството. Сите ти посакуваат најпрво здравје па сè друго. Драго ни е што се врати дома“, ѝ напишаа некои од фановите.

За потсетување, Шарлот минатиот месец се врати кај семејството во Монако, откако претходно четири месеци ги помина на клиника за психијатрија.

Нејзиниот сопруг принцот Алберт за списанието People во ноември рече дека таа заминала на лекување во странство откако претрпела длабока емоционална и физичка исцрпеност.

Странските медиуми шпекулираа дека принцезата одморала во некоја клиника во Швајцарија, а нејзиниот сопруг, децата, принцот Жак и принцезата Габриела секојдневно одржувале контакт со неа преку телефон и видеоразговор.

Scroll to Top