(Фото) Првата жена на Трамп неугледна без шминка шета низ Сан Тропе

Бизнисменката Ивана Трамп (69), која му беше прва на жена на Доналд Трамп, шокираше со својот изглед во монденскиот Сен Тропе. Облечена во фустан со цветен дизајн, таа прошета со своето куче во елитното одморалиште на светскиот џет-сет. Во Сен Тропе Ивана се чувствува како дома, па нема гајле за изгледот, пушуваат светските медиуми. Видливи се естетските операции на лицето на Ивана и вишокот килограми на 182 см висина. Некогаш гламурозната и вита Ивана веќе е непрепознатлива.

Зад себе има четири брака. Со Доналд Трамп беше во брак 15 години и имаат три деца: Иванка, Доналд Помладиот и Ерик.

Од мажите најдраг и е Италијанецот Росано Рубиконди, 23 години помлад од неа, со кого и по 10 години од разводот е блиска и одмора заедно во Сен Тропе.

Scroll to Top