Оскаровецот Расел Кроу (56) е заљубен во 30-годишната Бритни Териот, тврдат австралиските медиуми. Тие објавија папарацо-фотографии, на кои глумецот и 26 години помладата девојка играат тенис, а тој потоа ја гушка и бакнува.
Ова е прва девојка со која е сликан Кроу по разводот пред 8 години од сопругата Даниел Спенсер. Оттогаш тој го чува приватниот живот подалеку од медиумите и јавноста.
Австралискиот актер последните години целосно се посвети на работата и сними неколку успешни филмови, а се здебели и повеќе од 30 килограми, па многумина во него веќе не го препознаваат заводникот од времето кога глумеше во „Гладијатор“.
Инаку, Кроу во 2012 година се разведе од сопругата Даниел Спенсер, со која има два сина тинејџери. Тој неколкупати изјави дека со неа и понатаму одржува пријателски однос. Тој вели дека пример за ова зел од своите родители, кои по разводот продолжиле да живеат како едно големо проширено семејство со новите партнери и да си помагаат едни на други во сè.