(Фото) Расел Кроу здебелен и остарен

Холивудската ѕвезда Расел Кроу изгледа непрепознатливо, пишуваат американските медиуми. Тие го сликале глумецот во Дизниленд, остарен и со бела брада, а неговиот изглед го опишале како „за жалење“. Австралијанецот со години беше еден од најпосакувните мажи во Холивуд, а сега е запуштен и здебелен и воопшто не наликува на секси мажот кој беше миленик на жените ширум светот.

Сепак, промената на Кроу е заради новата улога. Тој глуми во филмот Boy erased, заедно со Никол Кидман. Премиерата на филмот е закажана за почетокот на ноември.

Scroll to Top