(Фото) Ријана има нов дечко

Ријана има нов дечко, пишуваат американските медиуми. Таа се појави на моден настан со раперот A$AП Роки десетина дена откако раскина со милијардерот Хасан Џамел, со кого беше во врска три години. Според медиумите, Ријана и Роки поминале една ноќ заедно во хотел во Њујорк.

Ријана и Роки се познаваат од 2013 година, кога таа се појави во неговиот спот за песната Fashion Killa.

Роки бил во љубовна врска со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со сестрите Кајли и Кендал Џенер, Рита Ора и Иги Азалеја.

Scroll to Top