Пејачката Ријана плаќа и по 415.000 долари месечно за изнајмување на една куќа покрај брегот во познатата населба Хемптонс во Њујорк.Поп-ѕвездата планира да остане таму до август.
Нејзиниот брокер Дилан Екхард за „Њујорк пост“ ги негирал шпекулациите дека нема постигнато договор со газдите на имотот и објаснил дека таа веќе има оставено депозит вреден 1 милион долари за целиот имот.
Имотот е со големина на 8900 квадратни метри, а куќата има шест купатила и пет спални соби. Исто така покрај куќата има и базен.
Ријана се решила за овој имот поради пандемијата на коронавирус. И таа, како и голем број познати личности, поради протестите и немирите низ целата земја, избираат изолација надвор од градот.