(Фото) Ријана почна со продажба на нова долна секси облека

Пејачката и модна икона Ријана ја лансира својата најнова колекција на секси долна облека за Savage X Fenty. Таа почна со продажбата во Лас Вегас, а покрај долната облека, во комбинација се и спортска облека и козметика.

„Пред да купите цвеќе за саканата ѕирнете на мојата веб шоп-страница Savage X Fenty. Ова е за сите оние што ќе се одлучат малку да се охрабрат за овој Валентин“, рече Ријана.

Пејачката ја презентира новата колекција на себе, а од фановите доби само убави коментари за нејзиниот изглед. Таа позира во црвено трико со длабоко деколте и гол грб со вратоврска преку градите. Тантелениот дизајн го комбинира со мрежести хулахопки во истата боја.

Целата комбинација ја комплетира со црно-црвена фризура. На една од фотографиите таа држи и кристални лустери, а позира и на санка. Комбинацијата целосно ја усогласила со зимскиот амбиент.

Белата долна облека ја комбинирала со син дезен со латекс оглавици во иста боја, а носи и сребрени штикли и бела јакна.

За потсетување, Ријана модната приказна ја почна уште во 2008 година со козметика. Жените во светот ги обожаваат нејзините парчиња бидејќи се засноваат на инклузивност и нудат многу широк спектар на големини на долна облека, како и нијанси на пудри и кармини.

Scroll to Top