(Фото) Ријана се забавуваше доцна во ноќта во ресторан, па му помогна на персоналот да расчистат

Ријана со шест пријателки се забавувале во луксузниот ресторан Caviar Russe подолго од вообичаеното, а на крајот пејачката им помогнала на персоналот да расчистат. Претходно љубезно ги замолиле дали може да останат подоцна од дозволеното.

„Кога завршија со вечерата, пејачката им помогна на келнерите да ги однесат чиниите и да ги вратат столиците за бар на место“, рече извор за  Page Six.

Ријана со другарките останала да се забавува до 2 часот по полнќ, а од персоналот рекоа дека се изненадени, но и воодушевени што им помогнала во раскренувањето.

Пејачката носела широки фармерки и била во дрес со знакот No Limit Records. Имала и штикли со врвки и накит од Tiffany & Co.

За потсетување, неодамна стана и најмладата жена на листата на „Форбс“ за 100 најбогати Американки кои самите го заработиле богатството. На пописот се најдоа голем број успешни претриемачки, извршни директорки и жени од светот на шоубизнисот. Ријана се најде на 21 место.

Нејзиното богатство се проценува на 1,4 милијарди долари, а како главен извор на приходите е наведена  заработката од музика и од козметика. Освен тоа, сопственичка е на линијата за козметички производи Fenty Beauty, од кои доаѓаат најголем дел од приходите.

 

 

Scroll to Top