(Фото) Рис Витерспун и ќерката Ава речиси како сестри близначки

Американската актерка и оскаровка Рис Витерспун (46) на социјалните мрежи сподели фотографии со нејзината ќерка Ава Филип. Она што фановите го забележаа е нивната сличност.

Рис неодамна објави фотографија со Ава како позира во бањарка. Потоа беа заедно на настан на кој дојдоа во слична комбинација. Носеа фустани во светли нијанси, без прерамки. Единствена беа различни во фризурата. 

За потсетување, Ава студира на „УС Беркли“, а покрај тоа е и модел. Има снимено и неколку едиторијали, како оној за иконата за убавина и шминкер Пет Мекграт.

Покрај Ава, Рис го има и 18-годишниот син Дикон од нејзиниот поранешен брак со колегата Рајан Филип, додека со поранешниот сопруг Џим Тот го има синот Тенеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

Scroll to Top