(Фото) Рита Ора без градник на модната ревија во Париз

Британската пејачка Рита Ора беше видена на ревијата на модната куќа „Алаја“ во Париз. Дојде во провокативно издание, а на неа немаше градник. Со минимално средена фризура и шминка, но и проѕирен и чипкаст фустан, пејачката ги освои сите на модниот настан.

Ден претходно, во розева модна комбинација се појави на Парадата на гордоста во Лондон, каде ги испеа најголемите музички хидови пред илјадниците луѓе. Ги изведе најновите песни од претстојниот албум „You and I“, кој треба да излезе на 14 јули годинава.

„Пораката на песната ‘Don’t Think Twice’ (третиот сингл од албумот) е да не размислувате двапати. Се живее само еднаш, па треба да се искористи секој момент. Не треба да бидеме преплавени со мислите: ‘Што ќе се случи, а што не?’“, рече Ора.

Scroll to Top