(Фото) Се здебели Џои од „Пријатели“

Глумецот Мет Ле Бланк, познат по улогата на Џои Трибијани во популарната серија „Пријатели“, ги изненади фановите со својот изглед. Тој пуштил стомак, а косата целосно му е бела.

Мет бил снимен од папараците додека пазарел во продавниците на Лос Анџелес. Тој носел маска на лицето, а во рацете држел вреќичка со продукти.

За оваа година глумците од „Пријатели“ планираа повторно да се соберат и да снимат специјална епизода. Сите од нив се променети, со оглед на тоа што помина многу време од последната нивна снимена епизода.

Повторното снимање ќе им ги зголеми нивните банковни сметки за дополнителни 2,5-3 милиони долари од епизода. Тоа ќе биде нивно прво повторно заедничко снимање и појавување на малите екрани во популарната серија по нејзиното последно снимање во 2004 година.

 

Scroll to Top