Иако низ годините се зборува за физичкиот изглед на Никол Кидман, прекумерниот ботокс, пластичните операции и слично, факт е дека актерката беше вистински секс-симбол и една од омилените во Холивуд. Зад себе има бројни секси филмски улоги кои со години предизвикуваа внимание.
Во „Очи широко затворени“ Никол ја игра главната улога со поранешниот сопруг Том Круз. На некои кадри од овој филм актерката е целосно гола, а таа улога ја одигра најпрофесионално пишуваше филмската критика.
Во филмот се појавува и Томас Гибсон, со кого актерката разменува нежности.
Тука е и филмот „Хемингвеј и Гелхорн“ каде е исто така гола со нејзиниот колега Клајв Овен. Најновата серија во која глуми – „Големи мали лаги“ – изобилува и со провокативни сцени на познатата актерка. Во некои епизоди потполно е гола.