(Фото) Секси Никол Шерцингер од сабајле привлекува погледи во парк

Пејачката и вокалист на групата Pussycat Dolls, прекрасната Никол Шерцингер (42) бил фатена од папараците за време на утринските вежби во еден парк во Лос Анџелес.

Според фотографиите, пејачката родена во Хаваи ја покажа извонредната флексибилност што ја должи на редовното вежбање.

 

Никол привлече внимание со нејзината истренирана фигура во спортска облека, хеланки и тесна маица.

Дека и е убаво во љубовта со  рагби sвездата Том Еванс (35), со кого се запознала на снимањето на серијата Х Фактор,докажува фактот дека парот се нонстоп  заедно.

Врската је потврдија на почетокот на оваа година, а Никол ова лето ги запозна родителите на Том во Португалија. Претходно оваа есен, се шпекулираше дека пејачката е бремена, но таа брзо ги демантираше гласините.

Да потсетиме, пејачката, пред да ја најде љубовта со седум години помладиот рагбист, имаше долга врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Покрај тоа, таа беше во врска и со тенисерот Григор Димитров.

Scroll to Top