(Фото) Селфи на Мадона во проѕирна долна облека

Пејачката Мадона повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со фотографија на која е облечена во проѕирна долна облека. Шеесетгодишната музичка ѕвезда на „Снапчет“ неделава објави селфи на кое позира пред огледало во бела тантела.

„Какво тело за 60-годишна жена“, беа дел од коментарите на некои од фановите што застанаа во нејзина одбрана, а други ја нападнаа за ваквиот нејзин потег.

Кралицата на поп-музиката месецов втор пат беше цел на критики на јавноста. Претходно месецов многу од фановите беа разочарани од нејзиниот десетминутен говор на доделувањето на МТВ-музичките награди. Во поголемиот дел од говорот таа се осврна на почетоците на својата кариера. По настанот, беше критикувана поради големата самопромоција.

„Од мене беше побарано да го претставам МТВ-спотот на годината. Ме замолија исто така да споделам некоја анегдота од својата кариера, која е поврзана со Арета Френклин“, напишала Мадона во своја одбрана на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top