(Фото) Селин Дион конечно ги покажа близнаците

Канадската ѕвезда Селин Дион првпат објави фотографија од своите синови, близнаците Нелсон и Еди. Таа ги изненади своите фанови со објавата, бидејќи никогаш не објавувала слики со децата во јавност. Селин на „Инстаграм“ им го честиташе деветтиот роденден и откри дека е горда мајка.

„Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака вас мама“, напиша таа покрај сликите од децата.

Освен близнаците, Дион го има и 18-годишниот син Ренеј Чарлс. Сите три деца ги доби во бракот со сопругот Рене Анџелио, кој беше и нејзин менаџер во текот на целата кариера. Рене почина пред три години од рак. На неговиот погреб близанцие Нелсон и Еди беа фотографирани првпат, но ни претходно, ни потоа не се појавуваа во јавноста со нивната мајка.

Scroll to Top