Пејачката Селин Дион од витка, насмеана и жена полна со ентузијазам и енергија, се претворила во ексцентрично слаба дама, пишуваат светските медиуми. Причина за нејзиниот необичен изглед е смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжелил, кој почина во јануари 2016 година.
Дион целосно била скршена откако набрзо потоа останала и без постариот брат. Двајцата најважни мажи во нејзиниот живот, Дион ги изгубила по нивната долга и тешка болест со ракот.
Пејачката продолжила да се бори со тагата, која практично ја изела, како емотивно, така и физички. Во борбата со болката, Дион вели дека почнала со необични одлуки, а една од нив била целосната промена на стилот на облекување, кои според мислењето на голем број модни критичари никако не и стои.
Втората изненадувачка промена, која ја шокира јавноста е драстичниот губиток на килограми. Дион на големиот број негативни коментари за нејзиниот изглед им одговорила на социјалните мрежи дека со неа е сè во ред, дека ослабела само неколку килограмо, но дека е здрава.
Дион изјавила дека неодамна почнала да оди на часови по балет и дека тоа е тајната за нејзиното драстично губење на килограми и исклучително витка фигура.
„Одам на балет четири пати неделно. Луѓето велат дека сум преслаба, но јас напорно тренирам. Го сакам танцот, а губењето на килограми доаѓа со тоа“, изјавила пејачката за ABC News.
Таа додала дека никогаш не се чувствувала посилно и поубаво. Пејачката инаку е позната по тоа што нема влакна на јазикот и нема проблем со негативните коментари. За магазинот People таа истакнала дека на никого нема да му се правда поради нејзиниот изглед.
„Мене ми се допаѓа, но не сакам да разговарам за тоа. Не ме вознемирувајте. Не ме сликајте. Ако ви се допаѓам, во ред. Ако не ви се допаѓам, баш ми е гајле. Оставете ме на мира“, вели Селин Дион.