(Фото) Селма Хаек на Светскиот ден на водата ги покажа градите и испрати важна порака за зачувување на природата

Холивудската актерка Селма Хаек на Светскиот ден на водата позираше во костим за капење и испрати важна порака за зачувување на животната средина. Таа рече дека секој ден треба да го цениме и да ја чуваме водата која е живот за секој од нас.

Хаек е голема хуманитарка и соработува и со УНИЦЕФ, а работи и на промоција на финансирање на вакцините против тетанус кај мајките и новороденчињата. Учествува и во проекти кои се во рамки на продажбата на секој пакет пелени на одреден производител.

Хаек рече дека сака да ја подигне свеста и за насилството врз жените и дискриминацијата на имигрантитте. Таа собираше и средства за донации и засолништа за жените во Мексико и САД.

Scroll to Top