Прочуената холивудска ѕвезда Селма Хајек со своите фанови сподели фотографии од подготовките за својот нов филм, за чии потреби ја промени бојата на косата, но само како што вели на кратки патеки.
Селма својата темна коса ја офарба во платинесто сина, а ова експериментирање го сподели со фановите на Инстаграм.
Меѓутоа оваа промена не траела долго, бидејќи ниту на актерите ниту на соработниците не им се допаднало како изгледа Селма како русокоса.
„Додека експриментирам со изгледот за снимањето на новиот филм, наидов на овој. Одлучивме да тргнеме во друг правец, но сепак мислам дека треба да го споделам ова со вас“, напишала Селма, која со новиот изглед ги воодушеви многумина.