Тенисерката Серена Вилијамс на свадбената вечера на принцот Хари и Меган Маркл носеше патики. Таа за свечената вечера избра креација од „Валентино“ – кадифена блуза и цветно здолниште, дополнета со накит од „Булгари“ и патики „Валентино“. Патиките не се гледаа под долгoто здолниште, ама Серена се фотографираше и сликата ја сподели на своите социјални мрежи.
Серена често носи патики под вечерните свечени фустани. Таа патики носеше дури и на сопствената свадба, кога пред околу една година се омажи со Алексис Оханиан.