(Фото) Серхио Рамос ја побара за жена мајката на неговите деца

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос ја побара за жена 8 години постарата водителка Пилар Рубио со која има три деца. Веста ја споделија двајцата, а објавија иста фотографија од романтичната вечера и свршеничкиот прстен на водителката.

32-годишниот фудбалер на „Реал Мадрид“ и Пилар се во врска од 2012 година. Првото дете, синот Серхио, се роди во 2014 година, вториот син Марко го добија во 2015 година, а Алехандро е роден во март оваа година.

Двојката во моментот е на летување со своите три деца.

Scroll to Top