(Фото) Шаја Лабаф и Миа Гот го чекаат првото дете

Глумецот Шаја Лабаф (35) познат по улогата во „Трансформери“ и американската глумица Миа Гот (28) го чекаат своето прво дете. Папараците ја снимиле Миа додека пазарела во Калифорнија.
Носела црни хеланки и бела кошула со долги ракави која и го открила нејзиниот труднички стомак.

Шаја и Миа се сретнаа во 2012 година на снимањето на драмата „Нимфоманка“, а подоцна таа се појави во неговиот музички спот кој тој го режираше во 2014 година.

Се венчаа во 2016 година а официјално се разведоа две години подоцна.

„Шиа и Миа поднесоа барање за развод. Тој беше пријателски и сите детали кои се однесуваат на бракоразводната постапка ќе останат приватни“, рече тогаш претставникот на Лабаф.

Тие повторно се смирија во 2020 година кога Лабаф бил виден со бурма, а Миа носела дијамант и венчален прстен.

Scroll to Top