Кралицата на соул-музиката, Арета Френклин, ќе биде закопана во црвен фустан, во салонка со штикла од 12 сантиметри и во позлатен ковчег. Таа самата ја избрала облеката во која ќе биде закопана, изјавил за американските медиуми роднина на Френклин. „И во смртта е гламурозна“, пишуваат на социјалните мрежи. Нејзиното тело вчера беше изложено во Музејот за афроамериканската историја во Детроит за фановите да ѝ оддадат последна почит на легендарната пејачка.
Арета ќе биде погребана на 31 август, а на погребот ќе пеат Стиви Вондер, Џенифер Хадсон, Фејт Хил, Шака Кан, Јоланда Адамс, Џенифер Холидеј и синот на Френклин, Едвард. Меѓу гостите на погребот ќе биде и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, близок пријател на пејачката.
Арета Френклин почина на 16 август во нејзиниот дом во Детроит од рак на панкреасот. Пејачката имаше 76 години.