Холивудскиот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, три недели по операцијата на срцето е сликан како вози автомобил низ Лос Анџелес. „Како ништо да не се случило“, коментираат американските медиуми.
73-годишниот актер се врати на своите секојдневни обврски и им се пофали на своите обожаватели дека се чувствува одлично. Тие, пак, коментираа дека им олеснало што холивудската легенда е добро.
На објавата на популарниот Терминатор реагирал и син му Патрик. Тој го замолил својот татко да не оди во сала за вежбање веднаш, туку да почека да чуе што ќе му речат лекарите.
Глумецот, кој е роден со срцева мана, имаше операција на отворено срце во 2018 година кога му беше заменет залисток.