(Фото) Силвестер Сталоне на шопинг со ќерка му во Беверли Хилс

Актерот Силвестер Сталоне и неговата ќерка Систин изненадиле со својот стајлинг за време на шопингот во престижниот бутик Channal во Беверли Хилс во Лос Анџелес.

Сталоне се појавил во црна кошула, панталони во боја на праска и кафеави чевли. За разлика од него, Систин се определила за комбинација што ја истакнала нејзината витка фигура. Таа се заминава со манекенство, а светските модни списанија пишуваат дека изгледала како милион долари.

Американските магазни пишуваат дека актерот потрошил големо богатство додека пазарел со неговата ќерка. Актерот е сликан со фластер на прстот, а се претпоставува дека повредата ја добил за време на снимањето на последнот дел од филмот „Рамбо“. Двајцата постојано биле следени од обезбедувањето.

Scroll to Top