Пресли Гербер, синот на Синди Крафорд, го истетовира зборот „несфатен“ на лицето. 20-годишниот Присли објави слика од новата тетоважа што се наоѓа на неговиот образ, точно под десното око.
„Не знаете како се чувствувам. Не сте во мојата глава. Изгледа дека чувствувам дека сум несфатен, веројатно. Ако мислев дека ова ќе ми го ‘расипе’ лицето, или да не го сакав ова, немаше да го направам. Мислам дека тоа е прилично очигледна работа. Овде пишува ‘несфатен’, бидејќи така се чувствував целиот мој живот“, рекол тој.
Фановите на младиот модел се разочарани од неговиот нов изглед и тој добива само негативни коментари на социјалните мрежи.