(Фото) Синот повторно ги спои Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Поранешната холивудска двојка Бен Афлек и Џенифер Гарнер биле видени заедно на една родендеска забава на другар на нивниот осумгодишен син Самуел. Американските медиуми пренесуваат дека двојката заедно го однеле синот на забавата во Брентвуд во Калифорнија.

Папараците го забележале Бен како си игра со неговиот син, додека Џенифер била преокупирана со нејзиниот мобилен телефон.

Поранешната двојка успеа да го одржи пријателството и по разводот. Двајцата беа во брак повеќе од 10 години, а Афлек призна дека разводот е нешто што тешко му паднало и дека поради тоа стана алкохоличар. Тој долго време се бореше со зависноста, а низ тој процес и рехабилитацијата, голема помош доби и од Гарнер.

 

Scroll to Top