Финалето на овогодинешниот Вимблдон, во кое силите ги одмерија тенисерите Роџер Федерер и Марин Чилиќ, собра доста познати личности. Мечот не го пропушти ни војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, која го следеше со сопругот Вилијам.
Кејт блесна, а многумина наместо во мечот, гледаа во неа.
Таа стигна со убав фустан, со цветни мотиви. Но, еден цвет на креацијата доминираше.
Во прашање е имено, цветот мака, кој за многумина е чуден и необичен. Цветот е со црвена боја, а оваа билка расте дури до 1,5 метри. Мак е најпознатиот по својот алколоид морфиум, кој се користи за медицински цели. Семето се користи во прехраната, како и во фармацевската индустрија.