(Фото) Со колаж фотографии кралското семејство му го честиташе 40 роденден на принцот Вилијам

Британското кралско семејство му го честиташе 40 роденден на принцот Вилијам со колаж фотографии од неговите животни пресвртници.

На официјалниот „Твитер“ профил на кралското семејство се објавени фотографии од Вилијам како новороденче, по добивањето на универзитетската диплома, од Кралската воена академија, како спасувачки пилот на хеликоптер и од денот на неговата венчавка со Кејт Мидлтон.

Под пораката „Среќен роденден војвода од Кембриџ“ е објавена фотографија од него со трите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, а фотографијата беше споделена на Денот на татковците.

Вилијам и Кејт требаа на лето заеднички да го прослават 40 роденден, но поради порастот на бројката на случаи со заразени со ковид, оваа забава беше откажана.

Војводата наведе дека овој роденден бил пресвртница во неговиот живот и вети дека во иднина ќе им помага уште повеќе на луѓето кои се во неволја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Тој вети дека ќе ја продолжи да работи на прашањата за бездомништво во текст за Big Issue, откако претходно овој месец на улиците на Лондон се маскираше како продавач на списанија на улиците на Лондон.

„Секогаш верував во користењето на мојата платформа дека ќе помогнам да се прераскажат приказни и дека ќе привлечам внимание и ќе поттикнам делување кон оние кои се во неволја. Планирам да го правам тоа кога ќе наполнам 40 години, дури и повеќе од порано“, рече Вилијам.

„Од моја страна, ветувам дека ќе продолжам да го правам она што можам за да привлечам внимание на ова решливо прашање, не само денес, туку и во месеците и годините кои доаѓаат“, дополни тој.

Scroll to Top