Бизнисменот Ренди Гербер, сопругот на супермоделот Синди Карфорд, е фотографиран додека им носи храна на бездомниците во Калифорнија, за време на пандемијата од коронавирусот. Гербер со својот автомобил отишол во еден од парковите во Малибу и шетал сè додека не ги нашол бездомниците, а потоа има давал храна и вода, пишуваат американските медиуми.
„Тој ѝ понуди бурито, а жената со задоволство го прифати и му се заблагодари за помошта. Таа не ни знаеше кој се крие зад маската и го нарече ‘добар човек’“, раскажал маж кој видел што се случило.
Ренди цело време носел заштитна опрема, маска и ракавици, и не сакал да се загрози себеси или некој друг.
Со ова сопругот на славната манекенка се приклучи на мноштвото познати личности кои им помагаат на луѓето од најзагрозените категории.