(Фото) Сталоне без обезбедување на шопинг со ќерка му

Популарниот глумец Силвестер Сталоне (73) беше на шопинг со ќерка му Систин (21). Двајцата биле снимени додека шетале низ Беверли Хилс без обезбедување.

Сталоне бил во црни панталони и бела кошула. На себе носел црна јакна со кожени ракави и чевли.

Систин носела џемпер, црни панталони и чизми во иста боја од превртена кожа. Носела накит направен од златни алки и црни очила. Многумина коментираа дека изгледа на Сталоне кога бил помлад.

Покрај Систин, Сталоне со својата трета сопруга Џенифер ги има ќерките Скарлет (17) и Софија (23). Двајцата се венчаа во 1997 година.

Scroll to Top