(Фото) Светките музички и филмски ѕезди се израдуваа на победата на Бајден

By

Голем број од светски познати ѕвезди се израдуваа на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД. Меѓу нив беа и пејачките Аријана Гранде и Лејди Гага и глумицата Џенифер Анистон.

Очите на светот со месеци, особено во последните неколку дена беа вперени кон САД, поточно кон 74 годишниот Доналд Трамп и неговиот жесток конкурент, три години постариот Џо Бајден.

На крајот Бајден стана 46. претседател на СА, иако засега резултатите не се признаети од неговиот противник.

Освен политичарите, кампања на социјалните мрежи водеа и славните личност. Тие го користеа своето влијание да ги поттикнат обожавателите да гласаат за нивниот омилен кандидат.

Една од најголемите приврзанички на Бајден во текот на целата кампања, беше 27 годишната пејачка Аријана Гранде, која по победата заплака.

Таа на „Инстаграм“ објави фотографија од новиот претседател и новата американска потпретседателка Камала Хари, која стана прва жена на оваа функција. Адријана постојано даваше поддршка за Бајден и ги убедуваше своите фанови да гласаат за него.

Таа има дури 205 милиони следбеници и е втората најследена личност на светот на социјалните мрежи по Кристијано Роналдо.

Поддршка за Бајден даде и глумицата Џенифер Анистон. По прогласувањето на победникот, таа на „Инстаграм“ сподели снимка која за кратко време стана вирална. На неа водителот на „Си-ен-ен“, Ван Џонс плача од среќа во етер.

„Само сакам мојот син да го види ова“, вели водителот низ солзи. Џенифер му се заблагодарила за снимката.

 

View this post on Instagram

 

Time to move FORWARD. Thank you for this @vanjones68. 💙😭🙏🏼

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Глумицата Кејти Холмс во текот на кампањата не се огласувала премногу, но се чини дека е задоволна со изборот на новиот претседател. Таа на „Инстаграм“ објави фотографија од Бајден.

Се огласи и Ким Кардашијан, чиј сопруг, контроверзниот пејач Канје Вест, исто така се обиде да стигне до Белата куќа. Таа не коментирала ништо, но објавила фотографија од новиот претседател и потпретседателка и додала три сини срца.

Уште една во низата на славни ѕвезди која се приклучи во поддршката за Бајден, е пејачката Лејди Гага, која се огласила на „Твитер“.

„Џо Бајден, Камала Харис и Американците, на светот му дадовте еден од најголемите гестови. Љубезност и храброст кои човештвото досега ги нема видено. Ништо друго освен љубов за нашиот нов шеф и првата избрана потпретседателка“, напишала Гага.

Поддршка за Бајден даде и глумицата Ева Лонгорија, нејзината колешка Алиша Милано, глумецот Бен Стилер, пејачката Шакира, дизајнерката Вера Ванг и многу други.

Од друга страна, нешто потивки беа приврзаниците за Доналд Трамп. Еден од најгласните негови обожаватели во текот на кампањата беше Антонио Сабато Јуниор, 48 годишен манекен од италијанско потекло.

 

Ќе ви се допадне

TwistMoe: Doraemon the Movie 2019: Chronicle of the Moon Exploration anime episode Full online free at https://twistmoe.net gogoanime

AniWatch: Seitokai Yakuindomo Movie anime episode Full online free at https://aniwatch.pro aniwatch

Website https://animeflv.uk: Watch Myriad Colors Phantom World animeflv Episode 13 dubbed anime

AnimeKisa Watch english anime Online in HD for FREE

Reddit: https://www.reddit.com/user/animeflixnl

Zippyshare: https://www.zippyshare.com/Kissanimemx