(Фото) Светот сè повеќе зборува за неа: оваа спортска новинарка станува сè попопуларна

Младата и сè попопуларна спортска новинарка и коментаторка Грејс Хејден сè повеќе го привлекува вниманието на медиумскиот свет, и тоа не само поради нејзиното познато презиме.

Ќерката на австралиската легенда на крикетот, Метју Хејден, неодамна зборуваше за предизвиците со кои се соочува – етикетата „nepo baby“ (дете на јавна личност која станала позната благодарение на своите родители) и нагласи дека нејзиниот успех не е резултат на семејни врски, туку на посветеност и автентична љубов кон спортот.

„Во повеќето случаи мора да работите понапорно за да си докажете дека вредите“, изјави 23-годишната Грејс Хејден за „Сандеј Телеграф“.

„Благодарна сум и свесна за привилегијата во која се родив, но зад сето тоа стои вистинска страст и љубов кон крикетот – не можам да замислам ништо друго освен тој спорт.“

Иако не ја искористи славата на нејзиниот татко како појдовна точка, Грејс Хајден отворено признава дека тој е нејзин најголем поддржувач.

„Тој секогаш е воодушевен од моите успеси и заедно се смееме на моите грешки.“

Откако неодамна известуваше од турнир во Индија, кој ѝ донесе меѓународно признание, Грејс Хејден се подготвува да ја освои Америка.

Како водителка на новиот неделен подкаст „Game On With Grace“, таа ќе се обиде да го донесе крикетот до пошироката американска публика преку интересни приказни, интервјуа и гости.

Иако крикетот во Соединетите Американски Држави не успеа да најде поширока публика, Грејс Хејден одлучи да донесе свеж, медиумски привлечен пристап што би можел да ги промени правилата на играта.

„Game On е емисија што ги открива нераскажаните спортски приказни“, рече таа.

Освен што гради успешна кариера, Грејс Хајден е и во среќна врска. Таа се гледа со Вилсон Стетам веќе неколку месеци.

Не се знае многу за младиот човек, но извори блиски до двојката откриваат дека тој е модел кој се движи во истите кругови како и Грејс. Двојката наводно ужива во секој заеднички момент, а својата интимност успешно ја чуваат подалеку од очите на јавноста.

Scroll to Top