(Фото) Свршеницата на Џокер бремена и шик

Холивудската актерка Руни Мара (35) , која неодамна се сврши со Хоакин Феникс (45) беше фотографирана како шета сама низ улиците на Лос Анџелес.

35-годишната актерка носела широка маица и цело време го криела трудничкиот стомак  со јакна или торба, со што беа потврдени приказните дека е бремена.

Хоакин и неговите свршеница го очекуваат своето прво дете, а во врска се од 2016 година. Среќната вест неодамна ја објавија странските медиуми, но познатите актери не се огласија за тоа.

Иако не носела заштитна маска на лицето, таа имала марама врзана околу вратот, па ја кревала на уста секој пат кога имало минувач.

Руни Мара и Хоакин се свршија во јули 2019 година и од тогаш честопати покажуваат колку се среќни заедно.

Scroll to Top