Софија Вергара, која секогаш привлекува погледи со своите модни комбинации, и овој пат успеа да го воодушеви љубопитниот свет. Неодамна се појави на премиерата на документарецот за Парис Хилтон „Infinite Icon: A Visual Memoir“ во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече секси креација.
По црвениот тепих прошета во тесна кожна облека која ја следи линијата на нејзиното тело и ги прегрнува нејзините облини. Бордо креацијата ја истакнува нејзината витка фигура, но и нејзините бујни гради. И токму во овој дел лежи целиот шарм на оваа облека – длабоко деколте кое ги истакнува нејзините најголеми атрибути.
Својот стајлинг го комплетираше со минималистичка шминка во природни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за меки бранови кои паѓаа по рамената.
Фотографиите ги сподели и на социјалните мрежи, а сите ѝ кажаа едно – дека е вистинска бомба.






